На нива во Дреново пронајден починат маж, во Манастирец маж пукал во 81 годишна жена

Вчера  околу 17.00 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на нива во с.Дреново, до трактор „ИМТ 539“, бил пронајден починат И.Ј.(71) од с. Дреново. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител од Кавадарци телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина – Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот - информираат од СВР Велес.

                                     

Во текот на вчерашниот ден во СВР Велес е лишен од слобода Б.Л.(33), бидејќи околу 22.00 часот во с.Манастирец, по кратка расправија, со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон С.М.(81), при што ѝ нанел повреди. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Share

Додади коментар