МТСП: Објавени огласи за вработување стручни кадри во центрите за социјална работа низ државата

Со цел да се зајакнат капацитетите на центрите за социјална работа во Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика известува дека се објавени огласи за вработување социјални работници и друг неопходен стручен кадар во наведените ЦСР:

 

1. Центaрoт за социјална работа во Скопје има распишано јавен оглас за 6 социјални работници;

2. Центaрoт за социјална работа во Кратово има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;

3. Центaрoт за социјална работа во Кавадарци има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;

4. . Центaрoт за социјална работа во Куманово има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;

5. Центaрoт за социјална работа во Радовиш има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 педагог;

6. Центaрoт за социјална работа во Штип има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 психолог;

7. Центaрoт за социјална работа во Тетово има распишано јавен оглас за 1педагог;

8. Центaрoт за социјална работа во Гостивар има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;

9. Центaрoт за социјална работа во Битола има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;

10. Центaрoт за социјална работа во Струмица има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 психолог;

11. Центaрoт за социјална работа во Свети Николе има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;

12. Центaрoт за социјална работа во Дебар има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;

13. Центaрoт за социјална работа во Неготино има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;

14. Центaрoт за социјална работа во Крива Паланка има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;

15. Центaрoт за социјална работа во Делчево има распишано јавен оглас за 1 социјален работник.

 

Ова е првата фаза од планираните вработувања на вкупно 60 социјални работници во наредниот период. Огласите се објавени во дневните весници Слободен печат и Коха.



Share

Додади коментар