Министерот Филипче на средба со директорите на Интерните клиники: Се прошируваат капацитетите за ковид пациенти
Рано утрово министерот за здравство доцент д-р Венко Филипче одржа состанок со директорите на интерните клиники каде беше разгледана моменталната состојба со пополнетоста на ковид центрите, состојбата на пациентите кои таму се лекуваат, расположливоста со медицински пероснал и можностите и потребата од проширување на капацитетите - информираат од министерството за здравство.
 
 
На состанокот покрај координаторот на ковид центрите на Интерните клиники професор д-р Дејан Докиќ, беа присутни директорите на клиниките за нефрологија, гастроентерохепатологија, дерматовенерологија, неврологија, Клиниката за уво, нос и грло и Кожната клиника.
Во мемонтов на интерните клиники има околу 20 тина слободни места, а се очекува да се направат и дополнителни исписи на оздравени пациенти. Во текот на утрешниот ден со работа ќе започне и ковид центарот на Клиниката за очни болести на кој ќе можат да се сместат 33 пациенти.
 
 
- Состојбата е сериозна и се соочуваме со силен бран на вирусот и голем наплив на болни. Наша цел е ниту еден пациент да не остане без лекарска грижа, а во исто  време да не го намалиме ниту редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои за тоа имаат потреба- изјави Филипче.
 


Share

Додади коментар