Министерот Ивановски во посета на Неготино- Интернет клубот го посетиле над 11.000 граѓани
05-11-2014 РЕГИОН

Голем е интересот од граѓаните на Неготино за бесплатните интернет услуги што ги нуди интернет клубот кој е дел од програмските активности на владата за развој на информатичкото општество во Македонија преку проектот насловен „Светот на дланка“. Ова денеска во Неготино го констатира министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски по посетата на интернет клубот.

 

„Задоволни сме од тоа што граѓаните на неготино  продолжуваат да го посетуваат интернет клубот, а тоа ни дава мотивација да продолжиме да инвестираме во нова опрема, да ја надградуваме постоечката и со тоа да ја реновираме и самата просторија, за да има подобра клима за оние кои ќе ја користат оваа просторија. Од почетокот со работа до сега имаме над 11 000 посетители и тоа е добро, ако се земе во предвид големината на општината. Се додека има интерес,  овој клуб ќе функционира и ќе продолжиме да креираме и нови програми за граѓаните на Неготино. Оваа година имавме неколку циклуси на бесплатни обуки, а сега можам да најавам и нов циклус на обуки и сакам да ги поканам граѓаните од Негоитно и од Македонија,  каде имаме отворено вакви клубови во 22 општини, да се обрат во интернет клубовите или на нашата веб страна, каде ќе спремаме електорнски услуги кои што ги нудат државните институции, Централен регистар , Катастар УЈП, Царинска управа, Биро за јавни набавки. Значи за сите оние електронски услуги кои се достапни на интернет ќе ги обучиме граѓаните и таа обука ќе биде бесплатна“ рече Ивановски.

 

Министерот Ивановски се сретна и разговараше и со градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов.

Проектот „Светот на дланка“  има за цел намалување на дигиталниот јаз меѓу населението во Република Македонија, зголемување на интернет пенетрацијата и вклученоста на граѓаните во информатичкото општество, со тоа што опфаќа граѓани со почетна старосна граница од 6 години па се до граѓани постари од 62 годишна возраст.   Клубот во Неготино, кој започна со работа на 20 септември 2007 година неодамна исто така заокружи 7 успешни години на работа. Оваа година, во периодот од 1 јануари до 30 октомври вкупно 11.586 граѓани го посетиле интернет клубот во Неготино; во просек 1.587 месечно; 53 дневно. Бесплатниот интернет клуб работи од понеделник до петок со работно време 9-17 часот и го опслужува 1 постојано вработено лице.

Ангел Данов



Share

Додади коментар