ЛИ/2017 (ВИДЕО) Новиот градоначалник на Неготино и советниците ги добија уверенијата од ОИК
24-10-2017 РЕГИОН

 

Новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков и новоизбраните советници во неготинскиот совет денеска ги добија уверенијата од општинската изборна комисија.

 

Диме Витанов како носител на листа за советници од СДСМ и коалициските партнери го честиташе изборот на Тони Делков за градоначалник на општина Неготино и изборот на советници во Советот на општината. Се заблагодари на Општинската комисија за спроведување на изборната постапка во фер и демократска атмосефера.

 

- Благодариме на сите граѓани за укажаната доверба, единствено што можеме денес да порачаме е дека ќе направиме напори Неготино да биде општина со која што сите ќе се гордееме - нагласи Делков.

 

Љупчо Пасинечки, советник од ВМРО-ДПННЕ, исто така го честиташе изборот на советници и на  Делков за градоначалник.

 

- Се надевам дека во наредниот четиригодишен период ќе го направиме Неготино подобро место за живеење на сите граѓани на општината - рече тој.

 

Честитајќи го изборот, претседателката на Општинска изборна комисија Нетка Веселинова им посака успешна работа во наредните четири години.

 

„Да се потрудиме сите заеднички да направиме една подобра и поуспешна општина“ порача градоначачникот Делков.

 

 



Share

Додади коментар