ЛИ/2017 (ВИДЕО) Китев: Во недела да гласаме за промени! Да гласаме за живот за сите во Кавадарци!
12-10-2017 РЕГИОН

Почитувани сограѓани,  Напредокот на Кавадарци и подобрувањето на животот на граѓаните на Кавадарци отсекогаш ми биле примарна цел во мојата политичка кариера. Како советник во општина Кавадарци и особено како пратеник во Собранието на Република Македонија, секогаш со искрена желба и со сите сили се борев за Кавадарци и за Кавадарчани.

 

Токму со таа цел да придонесам за подобрување на животот во Кавадарци, ја прифатив кандидатурата за градоначалник на Кавадарци. Силно верувам дека Кавадарци, со напорна и посветена работа, но и со искрени и некорумпирани луѓе на чело на општината, може да стане еден од најразвиените градови во Македонија.

 

Мојата визија е Кавадарци да стане модерен европски град, со одлична инфраструктура, со чист воздух и здрава животна средина, урбано целосно уреден, привлечен за туристите, и економски силно развиен, каде секој граѓанин ќе може достоинствено да живее. Со сите сили ќе се борам општина Кавадарци да стане лидер во транспарентност, отчетност и ефикасност на администрацијата. Општината и претпријатијата ќе бидат вистински сервис на граѓаните. Време е Кавадарци да го добие сјајот кој го заслужува, и од политички, но пред се од економски и социјален аспект.

 

Работници, земјоделци, студенти, пензионери, наставници, лекари, инжинери, вработени и невработени, драги сограѓани, на Кавадарци му се неопходни промени.

 

Граѓаните на Кавадарци заслужуваат да имаат многу повисок животен стандард, посредени улици, поубави паркови, нови градинки, нови спортски терени и  почист воздух. Заедно здружени може да направиме многу за нашиот град!

 

Ајде сите заедно во недела да гласаме за број 19! И за градоначалник и за советничката листа на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија и коалицијата. Ајде сите заедно во недела да гласаме за Живот за Сите во Кавадарци!

 

Заедно во недела ќе испишеме историја!

 

 



Share

Додади коментар