Уште една успешна доброволна крводарителска акција во своето хуманитарно делување забележа денеска компанијата Алијанса уан која години наназад оваа акција ја реализира под организитарство на црвен крст Кавадарци. Акцијата ја спроведуваше екипата трансфузиолози на институтот за трансфузиона медицина, а здравствената состојба на доброволните дарители ја испитуваше доктор Атанас Трајков.
Над триесет и пет вработени во компанијата го ставија својот потпис за доброволна даување уште на неполн час од стартот на акцијата.Во редици се чекаше да се покаже хуманоста и да се дарува крв.Станува збор за редовни дарители, но и луѓе кои за прв пат застанаа во редот на крводарителите.
„Денеска имаме генерално здрави дарители. Наша должност е да ги почитуваме препораките согласно правилата за крводарување, па така здравствената слика е пресудна дали потенцијалниот дарител е способен или не да дарува крв. На оваа акција земаме и примерок со кои се прави целосна и бесплатна биохмиска анализа на крвта, но крвниот притисок, евентуално примените лекови, телесната тежина и крвната слика која првично го покажува хемоглобинот се пресудни за нашата одлука дали ќе земеме крв од дарителот или не“ вели за КТВ, д-р Атанас Трајков, специјалист трансфузиолог. Тој е задоволен од денешниот одзив на дарители и вели дека од Алијанса традиционално очекува четириесет доброволно дарувани единици крв.
Истото за ктв го потврди и секретарот на црвениот крст, Розе Илова, која потенцираше дека токму оваа компанија е една од нај организираните кога станува збор за дарување на свој терен и со свои луѓе. Инаку во низата крводарителски акции низ работните организации по „Алијанса Уан“, стојат и „Фени Индустри“ и Винарската визба „Тиквеш“. На сите дарители на крв по моментот на крводарување им следуваат два дена одмор.
Милица Младенова
Додади коментар