Кон крајот на годината ќе биде осветена црквата Св. Kирил и Методиј во Велес
10-04-2015 РЕГИОН

Во втората половина од годинава ќе се отвори црквата Свети Kирил и Методиј во младинскиот парк во Велес. Од Повардарската епархија велат дека храмот посветен на сесловенските браќа нема да се отвори на денот на македонските светители, 24-ти мај. Според владиката Агатангел, осветувањето најверојатно ќе се случи во ноември..

Во моментов е сеуште во тек изработката на фрескоживописот. Недостасуваат околу 300 квадратни метри. На него работи најмладата тајфа за ѕидно сликарство, св Лука. Составена е од петмина академски сликари. Инаку живописот има вкупната површина од 1400 метри квадратни.. Тој го претставува чествувањето на бог, делата на светците и најголемите празници..

Новиот храм на повардарската епархија има вкупна површина од околу 500 метри квадратни.. Изграден е во византиски стил, еднобродна со кршен камен и камбанарија надвор од објектот..

Црквата Свети Kирил и Методиј почна да се гради пред осум години. Дело е на архитектот тодор паскали а објектот се градеше по пример на црквата света богородица во струшко калишта.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар