Ковид 19: Нови 48 позитивни случаи во Тиквешијата
09-11-2020 РЕГИОН

Од ден на ден се повеќе се зголемува бројот на позитивни на корона вирусот и во Тиквешијата. Во последните 24 часа, заклучно до денес до 14.00 часот,  се дијагностицирани вкупно 48 нови случаи, информираа од центарот за јавно здравје во Кавадарци.

 

Во Кавадарци има 28 нови случаи, во Неготино 17 и 3 во Росоман. Сите се на возраст од 8 до 82 годишна возраст.

 

„Во Неготино има позитивен ученик од трето одделение. Во изолација се 18 учленици и 2 наставници“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера во Кавадарци се дијагностицирани 729 случаи, а во моментов активни се 387, во Неготино активни се 159 случаи.

 

На ковид одделот во кавадаречката болница се хоспитализирани 42 пациенти со средно-тешка клиничка слика. 


А.Д



Share

Додади коментар