Кавадарчани и ковинци заедно даруваа крв
12-10-2013 РЕГИОН

Со крводарителска акција денеска во салата на општинското собрание уште еднаш се потврди успешната соработка на кавадаречкиот Црвен Крст и Црвен Крст на Ковин Р.Србија. Акцијата траеше од 8 до 15 часот , а речиси на само половина час од почетокот на истата трансфузиолозите веќе имаа реализирано 10 единици крв. 30 е реалната бројка која се очекува од денешната акција. Крв даруваа крводарителите од Кавадарци и Ковин, а раководството на двете организации беше на прием кај градоначалникот Александар Панов кој е задоволен што оваа соработка има континуитет и се продлабочува.

 Следната година ни е јубилејна, а нашата соработка само се зацврстува со нови активности рече секретарот на Црвен Крст на Ковин Велинка Фара.

 

Задоволен од тоа како до сега тече соработката е и претседателот на Црвен Крст Кавадарци Димитар Каракулев.

 

Претставниците на Ковин вчера имаа заедничка вечера со кавадарчани, денеска се реализира крводарителската акција и спортските игри, утре е седницата на двата управни одбори и заминувањето од градот на виното.

M.M



Share

Додади коментар