Кавадаречкиот совет ја одржа 21 та редовна седница
25-02-2019 РЕГИОН

 

 

 

 

Кавадаречкиот совет денеска во рамки на 21та редовна седница донесе одлука за кофинансирање на изградбата на главниот колектор и за приоритетен го избра проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Раец .

 

Исто така за приоритетен беше избран проектот за реконструкција на локалниот пат Ладно Долче до село Крњево,  со кој општината ќе аплицира пред Бирото за регионален развој.

Едногласно беа прифатени измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште, а се донесоа одлуки за реконструкција на комплесот „Ла луна“ со воведување на СПА содржини. Преку јавно приватно партнерство ќе се реконструира и градскиот базен и ќе се уредува со реквизити за спорт и рекреација на вода. Приватните партнери ќе плаќаат месечна ќирија од 60 илјади денари.

 


Беше одлучено општината со свои средства да ја заврши доградбата  на неизградениот дел кај спортскиот центар „Мито Хаџи Василев- Јасмин“ со сместувачки капацитети и комерцијални содржини во приземјето на објектот.

Едногласно советот ги прифати извештаите за реализација на програмата за дочек на Нова Година и за одбележување на Свети Трифун.

 

Се избраа претставници во локалниот совет за превенција, се даде согласност на одлуката за утврдување на висина на бодот за исплата на плати на админситративните службеници врабтоени во детската градинка „Рада Поцева“.

 

Во рамки на денешната седница советот даде позитивно мислење на програмата за ученички екскурзии и реализирање на други слободни активности на ООУ „Страшо Пинџур“ и подрачните училишта во Марена, Дреново и Возарци. Се донесе план за пошумување со кој е предвидено во наредниот период да бидат посадени над 80 илјади садници, а советот донесе заклучок на една од наредните седници да се разгледа проблемот со загадувањето на амбиенталниот воздух.

 

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар