Инфо сесија: Партнерство за подобра бизнис регулатива“
01-02-2018 РЕГИОН

 

Бизнис секторот од Кавадарци денеска ја имаше можноста да ги посочи сите проблеми во делот на законската регулатива со кои се соочува при работењето.

 

Во организација на регионалната стопанска комора Кавадарци и стопанската комора на Македонија се одржа инфо сесија за проектот на УСАИД насловен „Партнерство за подобра бизнис регулатива. Тема на денешната работна средба беа законските прописи од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите.

 

Преку интерактивна дискусија се разменија исклуства со цел да се дојде до заклучоци за надминување на постојните бариери во процесот на законска имплементација и изнаоѓање на соодветни решенија од областа на животната средина во функција на развој, унапредување и конкурентност на компаниите.

 

Денешната беше трета инфо сесија за годинава од вкупно предвидени 20 кои ќе се одржат во повеќе градови на значајни економски теми.

A.Д



Share

Додади коментар