Зголемено загадување на воздухот во Кавадарци
15-01-2015 РЕГИОН

Општина Кавадарци и Владата на Република Македонија, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, ја информираат јавноста дека инструментите  на пет мерни точики во исто толку градови во Македонија меѓу нив и Кавадарци, во текот на 5 последователни денови од 7 до 11 јануари 2015 година, регистрираа надминување на прагот на максимално дозволена концентрација на Суспендирани честички со големина од 10 микрометри за неколку пати.

Овој праг освен во Кавадарци е надминат и на мерните точки во градовите: Кичево, Тетово, Велес мерна станица 2 и во скопската општина Гази Баба и населбата Лисиче.

За надминување на алармантната сосотјба Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов упатува јавен повик до компаниите и до граѓаните со своето однесување и вклучување на еколошката свест  да помогнат во намалувањето на загаденоста.

Апелира до авто превозниците особено оние кои превезуваат руда за компамнијата „Фени Индустри“ во деновите без ветер и со поголемо загадување да ги користат заобиколните патни правци околу Кавадарци со цел да се намали загадувањето со микро честички. 

Инаку ги посочува и препораките на Владата и Министерството за животна средина ка кои граѓаните се должни да се придржуваат, а тоа се: Повеќе да се користи јавниот превоз, Возила да не се користат без поголема потреба, Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, Да не се користи за затоплување на простории: јаглен, прегорено отпадно масло, лакирани, или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, Правилно да се користат печките за дрва.

Апелот на градоначалникот Александар Панов и препораките се пред се во интерес на самите граѓани, нивното и здравјето на нивните најблиски, како и на граѓаните воопшто. Со придржувањето на препораките сите ние ќе искажеме висока еколошка светс во насока на надминување на последиците од загадувањето кое е штетнио по нашето здравје, за лично добро и во интерес на сите нас.

Воедно се информираат граѓаните дека и тие преку интернет можат да ја skojdnevno следат сосотјбата со загаденоста на воздухот во Кавадарци наВЕБ страницата http://airquality.moepp.gov.mk



Share

Додади коментар