Започнаа хуманитарните активности од малите проекти преку програмата Црвен Крст во aкција-промоција на хумани вредности
13-05-2022 РЕГИОН

 

Програмата Црвен Крст во Акција - Промоција на Хумани Вредности повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст. Оваа програма се имплементира во 32 Општински организации на Црвениот крст, се обучуваат 800 младинци на возраст од 13 до 17 години, а 40 дисеминатори и 9 ПХВ ментори даваат поддршка за реализација на програмата.

 

По реализираните три обуки во рамките на оваа ПХВ програма во Црвен Крст Кавадарци, младинците работат на свои мали проекти, за добробит на заедницата.

 

Овој хуманитарен турнир во фудбал, беше реализиран токму од една од групите на младинци, од ООУ,,Страшо Пинџур" и ООУ "Димката Ангелов Габерот" Кавадарци, а со поддршка на младинска школа на ГФК Тиквеш, со екипи од 2006, 2007 и 2014 генерација. Поддршка со свои екипи дадоа и двете основни училишта од каде доаѓаат и самите ученици кои го организираат настанот, заедно со нивниот Дисеминатор на ПХВ програмата, г-ѓа Анастасија Танева.

 

Граѓаните на град Кавадарци имаа можност да го проследат овој настан на отворените терени при спортската сала Јасмин и да дадат свој придонес преку донација. Средствата за овој настан ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство од Општина Росоман. Ова е еден од првите настани од хуманитарен карактер од низа настани кој ќе следуваат периодов, во месец мај и јуни, додека трае и самата имплементација на програмата.

 



Share

Додади коментар