Започна реконструкцијата на старото училиште во Росоман
15-11-2013 РЕГИОН

Почна реконструкцијата на старото училиште во општина Росоман. Од денеска интензивно градежните работници работат на замена на кровната конструкција. Градоначалникот Стојанче Лазов го исполнува ветеното. Првиот човек на Росоман уште во време на избори вети на местото на старото училиште ќе никне нов објект кој на едно место ќе собере повеќе култура, образование и рекреација. Според проектот на ова место ќе има библиотека, канцеларии за невладини организации, неколку културни здруженија и нај крупниот чекор дом или дневен престој  за рекреација на пензионери.

 

Во моментот фирмата која на тендер достави нај прифатлива понува за општината работи на кровот,а потоа следува и останатото. Од локалната самоуправа велат дека забрзано ќе се работи се додека дозволуваат временските услови, старото училиште конечно ќе добие нов модерен изглед категорична е власта.Паралелно со овој зафат денеска интензивно се работеше и на осветлувањето на новоизградениот парк во кругот на старото училиште.Модерната градба освен што доби хортикултурно уредување и забавни реквизити за нај младите од вечерва целосно ќе биде и осветлено. Проектот веќе се приближува кон крајот, а осветлувањето е само еден од повеќето крупни чекори направени во овој простор. Инаку во Росоман од пред два дена осветлен е и плоштадот односно центарот на општината. Ова барање на граѓаните е конечно исполнето вели локалната самоуправа.

 

М.М



Share

Додади коментар