Загина возач на камион кај Црвени Брегови

Вчера  околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман“ со кумановски регистарски  ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од с. Сопот,  кавадаречко, додека вршело ископ во водите на реката Вардар во атар на с.Црвени Брегови, се превртело во реката. Притоа, возачот П.М. загинал на местото, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во  болницата во Неготино.

 

Бил извршен увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. - информираат од СВР Велес.

 



Share

Додади коментар