За 4 децении драстично е намален сточниот фонд во Тиквешијата

Побелени пасишта со овци ,полни фарми со  молзни крави и друг крупен  добиток  и барем три фарми за бројлерско производство во Тиквешијата се дамнешно минато  за плодната Тиквешија. 

Само пред 37 години на територијата на тогаш трите општини Кавадарци, Росоман и Конопиште бројот на молзни и приплодни грла изнесувал 54 000 а во 2014 само 12000 вели Лазе Стамаџиев самостоен референт по сточарство во Агенцијата за потикнување и развој за земјоделството.

 

  Тоа се должи на намалувањето на откупната цена на добитокот и пропаѓањето на општествените фарми како што беше „Сопотско поле“, „Доне Попов“ и фармите во Сирково смета Стамаџиев  како и скапата цена на приплодни грла.

 

Големо влијание во намалувањето на бројот на овците во Тиквешијата беше и намалувањето на откупната цена на јагнето која во 1996 година падна на дури 60 денари за килограм жива мера , додава Лазе Стамаџиев.  Слична е состојбата и со молзните крави кои во 1977 година во овие три општини ги имаше над 1000 грла а денеска едвам 40 грла И тука причината е намалувањето на откупните цени на сточарските производи потсетувајќи на податокот когалитар млеко се откупуваше по 17 денари. Неисплатливоста на одгледувањето на добиток  ги принуди фармерите да си ги продадат своите грла. Со продажбата на стоката се создадоа услови за увоз на месо и млечни производи од секаде па така на нашите трпези може да се најде месо , млеко  и сирење  од многу производители надвор од Македонија. Во оваа насока Стамаџиев потсетува на времињата кога млекарата „Сопотско поле“ ја снабдуваше целата Тиквешија со млеко и млечни производи како сирење,кисело млеко и урда.

              

   Со воведувањето на субвенциите во сточарството во кое целосно беше вклучена и Агенцијата за потикнување на развојот на земјиоделството значително се стопира  намалувањето на сточниот фомд во Тиквешијата но за жал бројлерското производство целосно е замрено. Според Стамаџиев  само пред 3 до 4 години во Тиквешијата егзистираа дури три фарми за бројлерско производство но најмногу  заради ненавремената исплата на откупените пилиња  фармите финансиски пропаднаа. Тој смета дека постојат услови фармите повторно да заживеат  со што ќе се спречи увозот на неквалитетно пилешко место од сомнителни проиводители кое ни доажа дури од други континенти.

Мирјана Мукаетова



Share

Додади коментар