Жешки дискусии на седницата на советот на општина Росоман
17-02-2017 РЕГИОН

Прв пат до сега долги и жестоки дискусии предизвика дневниот ред на 51 та седница на советот на општина Росоман која се одржа вчера попладне.

 

По извештајот на комисијата за урбанизам и комунални дејности во кои беше предлог програмата за изградба реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици како и по предлог одлуката за отпис и расходување на основни средства и ситен инвентар во сопственост на општина Росоман не сакаа да расправаат тројцата советници на опозицијата.

 

Член сум на комисијата и не бев поканета како што вели деловникот, три дена пред седницата.Според мене точката треба да се врати на комисија. Што се однесува до програмата за изградба побаравме детали, а сеуште ги немаме.Заради единство и правда барам точката да биде иземена од дневен ред.Од друга страна во однос со втората точка потенцирам дека со имотот располага советот и ние одлучуваме. Барам и оваа точка со списокот на имотот да биде вратена на комисија и таму да се одлучува по истото. Констатирам дека цела седница треба да е одложена. Ова наведува на тоа да побараме државна ревизија за да провери како општината ги троши парите“, рече на говорница советничката на СДСМ, Маја Миленовиќ бранејќи го својот став.

 

Со неа се сложи и Атанас Стојанов. „Не бев поканет ниту јас на комисија се согласувам со колешката и барам да ставиме крај и да работиме според деловникот. Според мене општината е тргната на трошење.Барам да се одложи 51 седница и материјалите да бидат вратени во комисија, рече Стојанов.   По се изгледа имаме недоразбирање.Ќе ја преформулираме првата точка во програма наместо во извештај, бидејќи рокот поминува, а министерството чека значи одлуката е итна, појасни пред советниците претседателот Марјанчо Пенчев.

„На седницата заедно и транспарентно ќе одлучиме за да не изгубиме ништо. Во врска со втората точка комисијата за попис е верна на своето и сигурно не маниппулира, по одлученото решаваме ние, не гледам ништо спорно, потписи има а со тоа и одговорност“ додаде Пенчев.

 

„Одма неможеме да одлучуваме за приоритетите на улици, а што се однесува до расходувањето немаме соодветен извештај и одговори.Не треба брзање рече советникот од СДСМ  Јовица Стошиќ . 

 

Збор побара градоначалникот Стојанче Лазов. Предлагам Атанас, Маја и Јовица, да се стават во комисија која ќе има задача да ги складира средствата, нека најдат се што е старо, скршено, низ фирми и сами бидејќи не им веруваат на надлежните нека изготват список, нека направат попис и после ние ќе одлучуваме по нивниот извештај. Жал ми е што членовите на комисијата дискутираат , а не доаѓаат на комисии. Теркот на програмата за улици и патишта е согласно министерството ист секоја година и вашите дискусии за да наштетите се исти.Со години ништо не предлагате, а сте против.  Имавте доволно време да сте со граѓаните и да ги утврдите приоритетните улици, но ве нема и меѓу нив не излегувате, рече градоначалникот Лазов.

 

Веднаш по него претседателот на советот втората точка ја одзеде од дневниот ред и ја врати во комисијата за финансии, а првата точка ја преформулира во предлог програма за изградба. По овие измени повторно на говорница револт изрази советникот Атанас Стојанов и ја напушти седницата. Со години се случува истото во програмата се асфалтира по желбана гласачите и секогаш пред избори. Како сдсм нема да ја прифатам програмата и ќе ја бојкотирам седницата рече советникот Јовица Стошиќ. Добиваме на избори бидејќи асфалтираме и го слушаме гласот на народот, одговори градоначалникот, а во меѓувреме Стошиќ и Миленовиќ ја напуштија седницата. Од вашиот бојкот се гледа желбата за напредок на Росоманзаврши Лазов.За појасно да им биде на граѓаните збор зеде претседателот на советот говорејќи за програмата приходите и расходите во истата.

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар