Денеска и утре боеви гаѓања на Криволак
21-05-2013 РЕГИОН

Во рамките на спроведувањето на редовните вежбовни активности, во реоните Вардар, Чифлик, Караоѓоле, Бел камен и други кои се во состав на полигонот, ќе се извршат боеви гаѓања.

Токму за тоа  се  забранува секакво  движење на луѓе, моторни возила и стоки на предходно споменатите локации кои се прописни одбележани со јасно укажување за опасноста од движење.

Одговорните од полигонот Криволак апелираат до месното население кое гравитира во тој реон да не се земаат или допираат неексплодирани средства кои претставуваат потенцијална опасност по нивниот живот, а доколку најдат, истите да ги пријават во полигонот или најблиската полициска станица.

Стрелиштето каде што ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе биде одбележано и физички обезбедено.



Share

Додади коментар