Ден без автомобили во Кавадарци
22-09-2014 РЕГИОН

150 ученици од гимназијата „Добри Даскалов“ во Кавадарци со своите велосипеди денеска  се вклучија во  одбелжувањето на меѓународниот ден без автомобили. Велосипедскиот карван тргна од гимназијата, се возеше низ повеќе улици во градот, кои за време на минувањето на велосипедистите беа затворени за сообраќај. За безбедно да помине денешната акција беше вклучена и кавадаречката полиција, а карванот го обезбедуваше и екипа на итната медицинска помош.

 

Професорот по физичка култура во гимназијата, Блаже Велков искажа задоволство од масовниот одѕив на учениците во овој настан за одбележување на денот без автомобили.

 A.Д



Share

Додади коментар