Во четврток ќе заседава советот на Росоман
28-05-2013 РЕГИОН

Советот на општина Росоман во четврток со почеток од 12 часот ќе ја одржи третата редовна седница. На дневен ред се три точки со по неколку извештаи на повеќе комисии меѓи кои и кварталниот извештај 1 за извршување на буџетот на општина Росоман за 2013 година.

На дневен ред е предлог извештајот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата, одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување, извештајот од работата на ЈП за КД , планот и програмата за управување со одпад на територијата на Росоман, измените и дополнувањата во деталниот урбанистички план, како и меѓуопштинската соработка согласно проектот Енергетска ефикасност. На третата седница советниците при советот на Општина Росоман ќе расправаат и за  како што спомнавме кварталниот извештај од буџетот, годишната сметка на ЈП за КД Росоман, барањата од физичките лица и за извештајот на комисијата за образование, култура, спорт и одбележување празници.

М.М



Share

Додади коментар