Во петок одбележување на Свети Трифун во Кавадарци
12-02-2014 РЕГИОН

Во петок  скромно,   во скоп на традицијата и обичаите празникот ќе биде одбележан на градскиот плоштад во Кавадарци и во црквата Св „Димитрија“.

Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ ќе ја реализира програмата на Советот на општината согласно која на градскиот плоштад со почеток во 10:00 часот ќе се одвива културно забавна програма со учество на  актерите од театарот од Кавадарци, потоа фолклористите од ФА „Тиквеш“, како и настапот на музичката група „Тајфата на Димо Дулот“. Освен ова на градскиот плоштад ќе бидат поставени и штандови каде ќе бидат изложени производи од грозје: вино, ракија, маџун, гроздов мед, а околу декорирањето на амбиентот  се ангажирани учениците и професорите од средното земјоделско шумарско училиште.

Во кавадаречката црква ќе се отслужи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Повардарски господин Агатангел во сослужение со свештеници од епархијата и храмот  Св „Димитрија“.

Потоа, во 11:00 часот на лозите во дворот на црквата ќе биде извршен ритуалот на закројување како симбол за здрава, плодна и бериќетна година во лозарството. Согласно традицијата лозарите добиваат дел од закроените прачки од црковните лози,  по што се упатуваат кон нивните лозови насади каде и тие симболично вршат закројување.

Во текот на вчерашниот ден на градскиот плоштад се поставува и штандовите за потребите на винариите и индивидуалните производители на вино, ракија, мед и останати производи од грозје.

  



Share

Додади коментар