Во изолација вработени во ОЈО Кавадарци и полициска станица
08-04-2020 РЕГИОН

Осум мина вработени во Основното јавно обвинителство Кавадарци, петмина од полициската станица и еден доктор се во самоизолација, потврдуваат за КТВ од обвинителството.

 

Сите овие лица се ставени во само изолација бидејќи биле на увид во станот во кој почина албанскиот државјанин во Кавадарци, кој работеше како градежен работник.

 

Првичните информации се дека ниеден од овие службени лица нема симптоми на Ковид -19, но поради безбедност мора да останат во само изолација, додека се чекаат резултатите од направените тестирања.

 

Целосна дезинфекција била направена на службените простории во обвинителството и во полициската станица.

 

А.Д



Share

Додади коментар