ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ маниупилира со лозарите
01-10-2015 РЕГИОН

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци на прес конференција реагираа на обвинувањата изнесени на вчерашната прес конференција од ОО на СДСМ Кавадарци околу состојбите во лозарството...

СДСМ со прес конференција пробаа да мaнипулираат со лозарите, за кои СДСМ мисли само пред избори. Претседателот на СДСМ мисли дека сме заборавиле на голготата што ја минале лозарите во нивно време.  

 

СДСМ е партија која лозарите ги множеше со нула. СДСМ е партија што за лозарите не даваше ниту еден денар субвенции и никогаш не разговараше со лозарите. СДСМ е партија што за лозарите не даваше ниту еден денар субвенции и никогаш не разговараше со лозарите. СДСМ е партија што со потсмев ги гледа лозарите, а со лицемерен однос настапува секогаш кон нив. 

Токму оваа прес-конференција на СДСМ е пример за лицемерието на СДСМ кон лозарите и тоа го знаат сите лозари од Повардарието. 

 

Наспроти нивниот лицемерен и неискрен однос, ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден е искрен подржувач на лозарите. Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе Закон за вино со кој се регулира процесот на откупот на винското грозје, заштитата на лозарите, интересите на потрошувачите, контролата на производството на вино и стие останати сегменти во винскиот сектор, кои СДСМ намерно ги немаше уредено. 

 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покрај воведените субвенции за постоечките лозови насади, покрај овозможената подршка за подигнување на нови лозови насади и набавката на земјоделска механизација за лозарите во тиквешкиот регион овозможи и решавање на огромен проблем што лозарите го имаа со насадите на земјиште на кое немаа регулиран закуп. Преку јавните повици што оваа влада ги овозможи за решавање на овој проблем на лозарите илјадници лозари си го решија својот проблем. Истовремено, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со постојани средби со лозарите од тиквешкиот регион работи на решавање на сите отворени прашања во земјоделството и во тој поглед досега се постигнаа значајни резултати во секторот лозарство. 

ВМРО-ДПМНЕ е партнер и искрен подржувач на лозарите. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на лозарите и тоа ќе остане така и во иднина. 

 

СДСМ е партија која само пред избори мисли на лозарите. СДСМ од лозарите во тивкешкиот ргион е како прочитан буквар. Токму затоа лозарите ја подржуваат ВМРО-ДПМНЕ, а таа подршка ќе биде најголема во април кога СДСМ поради своето лицемерство, безидејност и постојани лаги ќе го доживее и најтешкиот пораз досега.



Share

Додади коментар