ВИДЕО: Од 15 јуни Михајлово повторно ќе ги отвори вратите за учениците!
23-05-2013 РЕГИОН

Одморалиштето Михајлово се отвора за летен туризам.Таму први ќе имаат можност да ги почувствуваат благодетите на планината Кожуф децата , но веднаш потоа и возрасните. Воздухот, боровата шума и планинската вода се особено значајни за здравјето на  децата. Таму комплетна рехабилитација можат да доживеат и постарите.

Секој кој што досега имал можност да претстојува во ова одморалиште знае дека поседува идеални услови за развој на планинскиот туризам. Со таква намера, објектот е целосно реконструиран и подготвен да ги пречека летувалците од првата смена веќе резервирана за децата кои треба да пристигнат на 15 јуни годинава. Во внатрешноста на комплексот се реновирани сите соби кои поседуваат засебни тоалети и преадаптирани тераси. Во моментов  се завршува реконструкцијата на кујната и ресторанскиот дел согласно ХАСАП стандардите.

Екипа на КТВ  ја имаше можноста да ги почувствува убавините кои ги нуди планината Кожуф.

Менаџерите на Михајлово на учениците им ветија одмор за паметење. Иако засега таму ќе летуваат ученици од тиквешијата , аранжманост со 8 полни пансиони  се предвидува да им се понуди и на децата  од  целата држава.

„Сега сме во градежна офанзива. Се реконструира целото одморалиште. Ќе го доведиме до максимална функционалност.  Смените ќе се одвиваат на секои 9 дена. Согласно на нормативите,  ке имаме доктор и медицински персонал како и медицинско возило. Одморалиштето ќе го спремиме  по сите туристички стандарди. Очекувањата се се` поспецифични, но сепак одморалиштето ќе им дава приоритет на учениците, а потоа ќе биде отворено и за  возрасни граѓани кои што ќе сакаат да го посетат одморалиштето“ рече Љупчо Глигоров, раководител на одморалиштето.

Михајлово е оддалечено 40 километри од Кавадарци. Има изградено патна инфраструктура. Освен асфалтниот пат и близината до градот,  таму плени живописната природа Поради борот и елата кои ги има во изобилство во овој крај, како и многуте лековити билки  и надморска височина од 1200м Михајлово е воздушна бања.



Share

Додади коментар