Велигденски ликовно-музички етно перформанс
14-04-2017 РЕГИОН

         

   По повод верскиот празник Велигден, синоќа во Неготино се одржа голем ликовно музички етно перформанс, во организација на Националната установа Центар за култура "Ацо Ѓорчев".

 

            Директорката на Центарот Мирјана Јованова  појасни дека станува збор за традиционална манифестација која за прв пат беше организирана на градскиот плоштад.

 

            -На настанот учествуваат членови на Културно уметничкото друштво "Ацо Ѓорчев" кое работи во склоп на културната институција со изведба на повеќе народни ора, како и танцовата формација "Зиг-зак" со неколку кореографии и обичаи за верскиот празник Велигден, појасни Јованова.

 

            Етно перформансот беше во режија и кореографија на Даниела Ѓорѓиева Донческа, а фолклорниот настап во кореографија на Горан Трајков од културно уметничкото друштво.

            Свој солистички настап имаа и ученици од основните училишта.   

 

            -Исто така во склопот на перформансот имаме и ликовна работилница. Децата од двете основни училишта и играорците изработуваа и декорираа велигденски јајца, додаде директорката на Центарот за култура.

 



Share

Додади коментар