Асфалтирање на улицата „Јованче Велков“ во Кавадарци
12-06-2020 РЕГИОН
Ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ од Кавадарци изврши асфалтирање на ул. „Јованче Велков“ во должина од 400 метри - информираат од локалната самоуправа.
 
Улицатa е лоцирана на десната страна од „Кавадаречки дол“ до спојот со ул. „Праведничка“. Претходно на оваа делница се изврши проширување, порамнување, поставување на рабници и тампонирање.
 
 
Општина Кавадарци го реализира овој проект во склоп на Програмата за комунална изградба, финансиран со пари од општинскиот буџет.
Изградбата на улицата е на барање на жителите од овој дел на Кавадарци.
 


Share

Додади коментар