Асвалтирани улици во Марена, Сопот и Дреново
28-09-2016 РЕГИОН

 Општина Кавадарци во рамките на програмата за комунална изградба, деновиве изврши асвалтирање на неколку улици во три села. За оваа намена од Буџетот се одвоени близу 1.800.000 денари. Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ од Кавадарци, согласно тендерската постапка изврши асвалтирање на вкупно 5 улици во селата Дреново, Марена и Сопот со површина од 1320 м2. - информираа од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

 

Вчера во селото Дреновосе асвалтираа 2 улици со површина од 450 м2, за што се потрошени 590.000 денари. Претходно беа асвалтирани исто така две улици во село Марена со површина  од 450 м2, за сума од 587.000 денари. Во склоп на овој бран од комуналната изградба во селата, општината инвестираше и во асвалтирање на една улица во селото Сопот. За таа намена од буџетото се издвоиа 585.000 денари а беше асвалтирана површина од 420 м2

 

Со овие зафати Локалната самоуправа директно инвестираше во подобрување на комуникациите во овие развиени кавадаречки села, а тоа ќе има директно влијание врз стандардот на живеење на граѓаните. - информираат од општината.



Share

Додади коментар