АНКЕТА: КАВАДАРЧАНИ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТЕЊЕТО НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ И ОД АДМИНИСТРАЦИЈАТА
27-09-2022 РЕГИОН

Кавадарчани преку учество во онлајн анкета ја оценуваа работата на градоначалникот Митко Јанчев и администрацијата.

 

На прашањето „Колку сте задоволни од досегашната работа на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев?

Дури 74,8 проценти од анкетираните работата на градоначалникот Јанчев ја оцениле како одлична, а  12,9% за многу добра.

 

 

Кавадарчани се добро информирани и за активностите кои ги спроведува општината. 89,4%  биле добро информирани преку социјалните мрежи , телевизија и онлајн медиуми. Само 10,6% не биле добро информирани.

 

 

На прашањето  -Дали сте задоволни од работата на административните службеници во Општина Кавадарци?  32,5 проценти од анкетираните нивната работа ја оценуваат како одлична, 24 проценти како многу добра , 20,2% за добра, а 13,9% за лоша.

 

А.Д



Share

Додади коментар