Анастазија Илкачева од Фени индустри нај менаџер на Хугоисточна и Средна Европа
11-07-2015 РЕГИОН

Европското здружение на менаџери и списанието Еуроменаџер го додели престижното признание ‘‘ Нај менаџер  на југоисточна и средна Европа ‘‘ на Менаџерот  на логистика на Фени Индустри и Извршниот директор на Нова логистик – г-ѓа Анастазија Илкачева за постигнати извонредни резултати во работењето.

Госпоѓа Анастазија Илкачева по тој повод рече дека претставува голема чест и задоволство да се работи за Фени Индустри и Нова логистик и што е на чело на тимот кој допринесе да компанијата оствари значителни резултати во своето работење и да постане лидер за транспорт на овие простори и пошироко, како и тоа дека ова признание е обврзувачко за остварување на нови достигнувања во полето на логистиката.

Фени Индустри е најголемиот увозник и извозник во Р. Македонија  и затоа моќната логистика е од големо значење за компанијата,вработените, околината, заедницата и сите други засегнати страни. Компанијата е прв производител на фероникел во Европа и четврти производител  во светот.

Во континуитет на работењето на логистиката на Фени Индустри за период од 10 години , а по одлука на топ менаџментот на Фени и под мое раководство , Нова логистик започна со работа во јануари 2014 година.Опслужувајќи ги компаниите во склоп на групацијата на Кунико ресорсис каде што припаѓаат двете компании , Нова логистик стана лидер на транспортот на Балканот и пошироко.

Транспортот на материјалите како што е: фероникелова руда, јаглен, биомаса, фероникел, згура и др. во количина од над 2 милиона тони на годишно ниво,представува голем предизвик за соочување со различни ситуации каде се бара брзо пронаоѓање на решенија и носење на одлуки за применување на истите во оперативните системи во склоп на глобалниот логистички систем.

Транспортираме никелова руда од Централна Америка, од Гватемала со бродови кои имаат носивост од 25000 до 45000 т , преку пристаниште Солун до Фени Индустри-Кавадарци во Р. Македонија и Фероникели –Глоговац на  Косово . Превезуваме и репроматеријали за други големи металуршки компании на Балканот.  Организацијата на транспортот од пристаниште  Солун до  крајните дестинациисе врши со железнички  композиции и тешки товарни возила. На дневна основа оперираме со 400 до 500 тешки товарни возила (камиони).

Работиме со најголемите бродски линии при извозот на фероникел со контејнери. Таа цифра изнесува  над 4000 контејнери на годишно ниво.

Нашата големина ни овозможува оптимизација на трошоците и нудење на најдобри и најконкурентни услуги.  Затоа , имам чест што водам една од  најголемите логистички компании во Југоисточна и СреднаЕвропа.

Фокусот на компанијта  за 2015 е освојување на нови  пазари.

На свеченоста која се одржа во Сараево деновиве  во присуство на еминентни претставници на бизнис заедницата на југоисточна и средна Европа  наградени се 30-тина менаџери од разни области на бизнисот во земјите на југоисточна и средна Европа во конкуренција на 2000 менаџери .



Share

Додади коментар