Азиски стршен пронајден во Кавадарци
02-07-2014 РЕГИОН

Големиот азиски  стршлен кој во Европа првпат се појавил пред дест години, а само пред две недели беше виден во Словенија, се чини стигна до Кавадарци.  Инсектот со портокалова глава ги убива пчелите, а неговиот убод може да биде смртоносен и за човекот.Виден на медиумите во информацијата за неговото масовно присуство во Словенија вчера во дворот од семејната куќа го препознала и кавадаречката фамилија Ничкови која веднаш реагираше до нашата редакција. Велат го приметиле првично по неговото чудно однесување.Се вртел во круг, па застанувал на земја со впечаток дека е зашеметен ова го правел петнаесетина минути за потоа да застане врз наредени дрва за огрев.Ничкови велат неможеле да го отепаат бидејќи бил како гумен.Неколку пати мавале по него но повторно летал, па зашеметен успеале да го соберат во пластична кутијка. Кавадаречката фамилија која го фати овој стршлен вели дека добро ги познава стршлените карактеристични за нашето поднебје.Според нив овој се разликува од нашите по бојата и лесно може да се препознае, но се прашуваат како дошол до Кавадарци. На ова експертите велат дека се должи на климатските промени коишто ја променија и флората и фауната на овие простори. Иако се работи за континент каде што треба да биде доминантна континенталната клима, се почесто во лето сме сведоци на алертни портокалови фази, кога температурата на воздухот е околу 40 степени Целзиусови со висок УВ индекс. Оваа пролет на Балканот доминираа поројни дождови, поплави, коишто продолжуваат и летово, а во мочурливите региони, каде што водата се уште не е исушена, забележано е присуство на поголем број инсекти и глодари, вели за ктв професорот Томе Лисичанец претседател на здружението за заштита на дивата флора и фауна.

Овој инсект со потекло од Азија може да порасне до 6 сантиметри, многу е опасен и може да предизвика смрт и кај луѓето кои не се алергични на убод од пчели.Станува збор за вид на стршлен портокалова глава и голем црна клешта која е во состојба да направи страшни убоди кои личат на рани од куршум.Овој вид стршлен е застапен во подрачја во Русија, Кина, Јапонија, Индија и Шри Ланка.Азиските стршлени се едни од најсмртоносните инсекти во светот. Летаат со брзна од 60 километри на час и за еден ден може да прелетаат 100 километри. Последните неколку години овој вид инсекти нанеле големи штети на кошниците со пчели ширум Европа.Стршленот може да убие 40 пчели во минута, бидејќи европските пчели за разлика од асизкит пчели немаат методи на заштита. Азиските стршлени напаѓаат во роеви а само со неколку убоди може да предизвикаат прекунување на работата на бурезите, несвестица, пад на притисокот, отежнато дишење и смрт. Особено се агресивни кога се парат. Роеви од овие стршлени минатата година убиле 40 луѓе во Кина, а беа забележани и во реонот на Неготинско.На скакулци и тигрести комарци деновиве се пожалија велешани, а неодамна за новата колонија несекојдневни егзотични птици реагираа и штипјани. Дали Македонија освен за инвестициите станува привлечна земја и странската фауна останува да видиме.

 М.Младенова



Share

Додади коментар