Teшко повреден пешак во Кавадарци

 

Седумдесет и едногодишниот Р.П од Кавадарци е тешко повреден откако во него удрил патнички автомобил, информираа од СВР Велес.

 

„Пешакот се движел по улица „Партизанска“ и во него удрил автомобил марка „Форд“ со кавадаречки броеви управуван од Л.С (41) исто така од Кавадарци. На пешакот му е нанесена тешка телесна повреда и по укажаната медицинска помош во кавадаречката болница е задржан на понатамошно лекување“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

 

Увид на местото на настанот извршила екипа од кавадаречката полиција.

А.Д

 

 

 

Додади коментар