Oпремата, возилата и вооружувањето на АРМ и на армијата на САД во сабота пред кавадарчани
11-06-2019 РЕГИОН
На ден 15.06.2019 година на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе има презентација на вооружување, опрема и возила од армијата на РСМ и армијата на САД кои учествуваат на вежбата #DecisiveStrike .
 
 
 
 
На оваа презентација ќе се приклучи и ТППЕ на Општина Кавадарци со своите возила и опрема. Презентацијата ќе биде збогатена со аниматори за деца, жонглери, уличен баскет,музика и дружење. Целта на оваа презентација е сите граѓани одблизу да се запознаат со вооружувањето и опремата на двете армии. Настанот ќе започне во 16 и 30 часот а ќе трае до 20 часот. 
 
Се покануваат граѓаните да го резервираат овој термин за едно поинакво искуство.

Додади коментар