Jaнчев на работен состанок со амбасадорот на Кина
14-03-2023 РЕГИОН
Градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија Џанг Sуо, претставници од кинеска амбасада, како и претставници од компанијата Powerchina intl - информираат од кабинетот на Јанчев.
 
 
 
„ Иако ова е втора посета на амбасадорот, ова беше прв состанок од ваков карактер на кој меѓу другото, беше искажана благодарноста за соработката со кинеската компанија во реализација на активностите кои ги имаат во областа на инфраструктурата, патот Фариш – Дреново. Од страна на градоначалникот гостите беа запознати со локалното стопанство и економија, а се разговараше и за можностите за директна соработка помеѓу кинеските компании и Општина Кавадарци.  По овој состанок се договори уште една бизнис средба, која ќе се одржи во текот на оваа недела“ - велат од општината.
 


Share

Додади коментар