Eкипи на Комуналец активно работат на оспособување на канализационата мрежа
17-11-2017 РЕГИОН
 
(интегрален текст од кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев)
 
Во текот на вчерашниот ден(16.11.2017 год) службите на ЈП КОМУНАЛЕЦ Кавадарци активно работеа на оспособување на оптеретената канализациона инфраструктура низ градот ,кое оптеретување беше настанато поради обилните дождови. На терен беа канал џет цистерна за одзатнување на канализации помогната со персонал за рачно одзатнување на канализации(одзатнување со сајли).
Беа санирани неколку помали дефекти на водоводна линија чие одложување не беше возможно и покрај влошените временски услови.
 
 
Во соопштението од Бојан Атанасов, раководител на Одд. за водовод за градска и селска мрежа, се вели и дека денес(17.11.2017 год) службите продолжуваат со санација на настанатите дефекти(денес нема поголем дефект на водоводна линија), како и одзатнување на запушени канализации од страна на горенаведената механизација и вработени. - стои во соопштението од кабинетот на градоначалникот.
 


Додади коментар