Eдно лице повредено во тешка сообраќајна незгода

 

Четериесет и едно годишниот С.И од велешкото село Бузалково е тешко повреден во сообраќајна незгода што вчера попладне, околу 15 часот се случила на патот Градско - Прилеп.

 

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, незгодата се случила помеѓу патнички автомобил марка „Пежо“ со француски регистарски броеви управувано од А.Б.(25) oд Франција и патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски броеви управувано од С.И.(41) од с. Бузалково - велешко.

 

„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкиот автомобил „Фолксваген Голф“ кој е пренесен и задржан на лекување во кавадаречката болница. Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС ОН Кавадарци“ информира Додевски. /А.Д

Додади коментар