7 ми април - меѓународен ден на здравјето
07-04-2015 РЕГИОН

Годинава Светската здравствена организација меѓународниот ден на здравјето го одбележува под мотото „За безбедна храна од нива до трпеза“. Оваа тема има големо значење за сите луѓе на планетва. Основната порака е зајакнување на интегрираниот пристап во контролата на храната која почнува уште на нива, во фармата, потоа продолжува со складирање, транспорт и дистрибуција, производство и преработка, трговија и на крај стигнува во домот на потрошувачите и на трпезата. Во сите овие фази може да навлезе скриена опасност, која нема да биде проепозната или елиминирана, па на така може да стигне и до чинијата на консументот.

 

Директорот на здравствен  дом Кавадарци, д-р Никола Трендафилов денеска упати апел до граѓаните да бидат внимателни како со подготовката, така и при консумацијата на храната, за да не биде таа опасност по нивното здравје.

 

Директорот на здравствен дом во изјавата за КТВ нагласи дека во моментов се работи на доекипирање на екипите на итната медицинска помош за да може што поквалитетно да се одговори на повиците од граѓаните кога имаат итна потреба од медицинска помош.

Светскиот ден на здравјето беше одбележан и во ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Јубилејни награди за 20 години работа им беа врачени на Димитар Летников и Надица Андреева, додека во пензија заминуваат Душанка Аврамова и Митра Бошева. Претпријатието Јан-бор доби благодарница за донација во кавадаречката болница.

А.Д



Share

Додади коментар