40 та седница на советот на општина Кавадарци
21-01-2016 РЕГИОН

Без многу дискусии советот на општина Кавадарци денеска во рамки на 40-тата седница речиси едногласно усвои дваесетина точки кои беа на дневен ред. Без забелешки едногласно беа усвоени програмата за работа на советот, одлуката  и правилникот за делегирање на надлежностите  на општина Кавадарци за организирање и реализирање на културните манифестации по програмата за активностите  на општината во областа на културата во 2016 година на правно лице.

 

На денешната седница беше донесена и одлука за пристапување на општина Кавадарци како соосновач на Здружението за рурален развој Локална акциона група „Тиквешка винска долина“. Се разгледа и едногласно  усвои програмата за работа на ЈП Комуналец за оваа година.

 

На неколкуте прашања поставени од советниците Божанка Минова и Димитар Зарков одговараше директорот на „Комуналец“, Илија Атанасов. Рече дека со 250 илјади евра неповратни средства од владата и со задолжување од 400 илјади евра претпријатието ќе завршело со реконструкција на водоводниот систем каде сеуште има азбестно-цементни цевки и надградба на СКАДА системот.

Атанасов потенцира дека придобивките од досегашното работење на СКАДА системот  биле огромни, а најважно е што има редовно и квалитетно водосабдување, намалени се дефектитр на водоводната мрежа. Директорот изнесе пример дека претходно имало по 5-6 дефекти дневно, а сега во текот на неделата се бележеле 1-2 дефекти.

 

Опозицијата во советот гласаше против Финансовиот план на ЈП Комуналец за 2016. Истиот беше усвоен со 13 гласа „За“ и 5 „против“.

Без дискусија едногласно беа усвоени извештајот за работењето на ЈП „Јасмин“ за третото тромесечје од минатата година и програмата за работа годинава. Советот едногласно ја подржа и програмата за работа на Советот на млади, а усвои и неколку  одлуки поврзани со урбанистички планови, измените и дополнувањата на програмата за уредување на градежно земјиште и за изработка на урбанистички планови.

Едногласно беше одлучено да се одделат финансиски средства од буџетот за набавка на ЦТГ апарат за потребите на гинеколошко акушерскиот одел при кавадаречката болница и  пари за реновирање на собите во ученичкиот дом „Крсте Петков Мисирков“.  

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар