300 компјутери за училиштата од регионот донира Дрекслмајер
30-09-2020 РЕГИОН

Во пресрет на новата учебна година, која годинава есоочена со многу предизвици, компанијата Дрекслмајер донираше компјутери што ги издвоиод сопствените капацитети, а сѐ со цел да се олесни претстојната онлајн настава.

 

Над десетина училишта од Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Велес и Градско добија компјутерскаопрема од компанијата Дрекслмајер. Компјутерите се тестирани и ја поддржуваат платформата наМинистерството за oбразование и наука. Некои од училиштата добија лап топ компјутери, а делдесктоп компјутери.

 

„Ни претставува чест и задоволство што со оваа донација можеме да придонесеме кон олеснувањена подготвителниот процес за онлајн настава пред самиот почеток на новата учебна година. Сенадевам дека kомпјутерската опрема ќе му биде од голема корист на наставниот кадар воучилиштата од овој регион, а учениците и во време на пандемија ќе имаат можност непречено иквалитетно да ја следат наставата. Ова е наша заедничка одговорност“, истакна генералниотдиректор на Дрекслмајер - Лукас Мирингер, пред директорите на училиштата во Кавадарци напримопредавањето на опремата.  

 

Одговорноста за распределбата на компјутерите во кавадаречкитеучилишта ја презеде Општина Кавадарци.Ова е втора поголема донација од ваков тип, откако на почетокот на годината Дрекслмајер подариоколу деведесет компјутери на неколку училишта во тиквешкиот регион. Со ова вкупната бројка сокоја се опремени училиштата е тристотини компјутери.

 

„Донацијата од Дрекслмајер е од огромно значење за нашето училиште и за подобрување наквалитетот на наставата. Со околу педесетина компјутери што ги добивме од Дрекслмајер ќе имовозможиме на наставниците да ја спроведат онлајн наставата, но и да ја збогатат наставнатапрограма“, посочи директорката на СОУ „Св. Кирил и Методиј - Неготино, Донка Јованова.

 

Дрекслмајер како и досега ќе продолжи да ги негува вредностите и целите за одржлив развој наопштеството во сите области. Поддршката  на oбразованието е само дел од глобалната развојнастратегија на компанијата.



Додади коментар