23 години од загинувањето на Сашко Гешовски
06-05-2014 РЕГИОН

Вечното почивалиште на првата жртва при распадот на Југославија, војникот Сашко Гешовски на градските грозбишта денеска го посетија делегации од АРМ, локалната самоуправа и општинскиот сојуз на борци Кавадарци. Денеска се одбележаа 23 години од неговото убиство кое до ден денешен остана мистерија.

Неговиот татко, Гоце Гешовски рече дека најтешко им е тоа што сеуште не ја дознале вистината за убиството на нивното чедо кое го пратиле на отслужување на воениот рок во тогашната ЈНА.

„Тоа најмногу ме боли што не ја дознавме вистината. Поминаа 23 години. Сашко треба да влезе во историјата на Македонија, како што знаеме загинаа за туѓи интереси. Ако се гине барем да се гине за своја држава, за свој народ, а не за туѓи интереси. Благодарам што сеуште се сеќаваат на Сашко. “ рече Гоце Гешовски, татко на Сашко на денешното  чествување на дваесет и три годишнината од неговото загинување.

„ Со сестрата на Сашко учевме заедно, седев во иста клупа со неа. Сашко беше соученик на мојот брат, генерациски сме тука некаде. Нема ништио друго освен тоа  ваквите жртви да ни бидат поука за понатаму,  да не ги правиме истите грешки, ако веќе нашата младиниа и нашите борци се жртвуваат да го прават тоа за својата држава, а не за некои туѓи интереси и мислам дека најдобриот пат за градење на сопствена држава е да нема војни, да се бориме за просперитет “ рече градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов .

Гешовски беше убиен на 6 мај 1991 година во Сплит додека бил на стражарско место во командата на Военопоморската област во Сплит.

Aнгел Данов



Додади коментар