22 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 16 пациенти
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
 
- Скопје 8
- Прилеп 2
- Струга 2
- Велес 2
- Гостивар 1
- Кратово 1
 
Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-9, Куманово-1, Прилеп-4, Тетово-6, Велес-1 и Охрид-1. Досега во земјата се направени вкупно 21010 тестирања на ковид -19.
 
 
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.
 
 
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.
 
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1762, бројката на оздравени пациенти е 1267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Додади коментар