22 нови позитивни на Ковид 19, двајца починати и 50 оздравени
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 50 оздравени пациенти.
 
- Скопје 16
- Куманово 10
- Прилеп 6
- Тетово 15
- Велес 1
- Крива Паланка 1
- Валандово 1
 
 
Во изминатите 24 часа направени се 533 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-3, Струга-1, Велес-4, Свети Николе-1 и Гостивар-1. Досега во земјата се направени вкупно 22255 тестирања на ковид -19.
 
 
Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 203 теста се во рамките на скринингот во градинки во Велес и Скопје и сите се негативни. Од досега направените 908 тестирања на вработените во градинките во Битола, Скопје и Велес потврден е само еден позитивен случај на ковид-19 во Битола.
 
 
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Скопје (78г) примен на 7 мај и пациент од Тетово (77г), на болничко лекување од 14 мај.
 
 
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1839, бројката на оздравени пациенти е 1351, на починати е 106, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 382.

Додади коментар