14 нови случаи на корона вирус во Кавадарци, три во Неготино
07-08-2020 РЕГИОН

Значителен пораст на нови позитивни на Ковид 19 денеска во Тиквешијата. Четиринаесет случаи во Кавадарци и три во Неготино се позитивни на тестирањето.

 

„ Еден пациент од Неготино на 50 годишна возраст е хоспитализиран во болница. Останатите се со лесна клиничка слика и се на домашно лекување“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје Кавадарци.

 

Новите позитивни се од сите возрасни групи, од 15 до 77 години.

 

А.Д



Додади коментар