137 илјади мигранти пристигнале во Европа во првите шест месеци
01-07-2015 СВЕТ

137 илјади мигранти преку Средоземно море пристигнале во Европа во првата половина на годинава, се наведува во извештајот на високиот комесар за бегалци на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

 

Според статистиката, забележано е драстично зголемување на бројот на мигранти од 83 насто во однос на истиот период лани.

 

Во документот се наведува дека 1.867 од нив починале при ризичните патувања.

извор: МРТ

Додади коментар