13 нови позитивни на Ковид 19 во Тиквешијата
16-10-2020 РЕГИОН

Од 11 до 59 години се лицата позитивни на корона вирус дијагностицирани во последните 24 часа во Кавадарци. Девет мина се од Кавадарци, а четворица од Неготино, потврдија од Центарот за јавно здравје.

 

„Сите нови позитивни се со симптоми на вирусот. Контакт со позитивен имале четворица од новите заболени. Сите се на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

Денешните податоци покажуваат зголемен број на нови случаи во Тиквешијата, споредено со претходните денови.  Во Кавадарци бројот на активни случаи е 74, додека во Неготино изнесува 24.


А.Д



Додади коментар