120 кавадарчани на средба со градоначалникот Јанчев
17-11-2017 РЕГИОН

 

Од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев информираат дека во текот на вчерашниот ден успешно се реализирал приемниот ден за граѓаните. Јанчев имал средба со 120 граѓани кои ги пренеле своите проблеми, поплаки и пофалби.

 

„Ваквиот пристап кон граѓаните, континуираното информирање за сите активности кои се во тек и кои се планираат како и проектот “Мој општинар“ ќе придонесат за транспарентна општина. Наредниот четврток повторно ќе има приемен ден. Секој граѓанин кој што сака да оствари средба со градоначалникот може да го закажи својот термин во Граѓанскиот услужен центар“ стои во соопштението од кабинетот на Јанчев.



Додади коментар