10 нови случаи на Ковид 19 во Кавадарци
27-07-2020 РЕГИОН

Значителен пораст на бројот на нови дијагностицирани со ковид 19 во Кавадарци. Дури 10 нови случаи се дијагностицирани денеска, потврдија од центарот за јавно здравје Кавадарци. 

 

Тројца од новодијагностицираните се на возраст од 18 години, исто толку на 19 години и по еден на возраст од 30, 33, 38 и 51 година.  Три  се жени и седум мажи.

 

„Сите се на домашно лекување. Дел од нив се контакти на веќе позитивни, а друг дел не знаат како се инфицирале“ рече за КТВ епидемиолог д-р Ристе Јовановски.

 

За два дена во Кавадарци се дијагностицираа 15 слуачи. Ова покажува дека „лумперајките“ и неодговорниот однос го даваат резултатот. За само два дена бројот на нови инфицирани е половина од вкупниот број заболени во изминативе четири месеци.

 

Ангел Данов 

 

 



Додади коментар