10 години регионален центар за гранични работи Југ
07-05-2014 РЕГИОН

Со присуство на градоначалниците од регионот, претставници од советот, судии, јавни обвинители, директори, раководители на институции и претпријатија денеска во Региоанлниот центар за гранични работи Југ Кавадарци беа одбележани два значајни датуми. Се одбележа 7 ми мај денот на македонската полиција и 10 годишниот јубилеј на овој регионален центар.

Се наоѓаме на вистинскиот пат кон изградба на современа и модерна полиција чија основна функција е заштитата на човекови права и слободи.Наша цел  е да создадеме гранична полиција која ќе дејствува по принципите на современиот граничен менаџмент и ќе ги остваруваме трите столба на управување, почитување на дигнитетот, обезбедување безбедни и сигурни граници и економски сегмент на граничниот менаџмент, што би значело збирно постигнување на безбедни но отворени граници со максимално почитување на правата и слободите, рече пред присутните началникот на регионалниот центар за гранични работи југ Кавадарци магистер Митко Пешов.

 

Дека почетокот бил тежок и макотрпен, но вреден за чекорење ако се има желба, а денеска и награден со одлични резултати, потврди пред присутните првиот началник на Граничната Полиција Санде Китанов.

 

Споделување на искуства, размена, предлози, заеднички фотографирања во опуштена и свечена атмосфера продолжи одбележувањето на овие два значајни датуми за Гранична Полиција Кавадарци.

М.М



Додади коментар