“Кавадаречка Фондација“ распиша конкурс за доделување на еднократен надометок за кофинансирање на 30 студенти запишани на дисперзираните студии во Кавадарци
20-12-2014 РЕГИОН

Фондацијата за социјална , здравствена  и културна подршка на граѓаните на Општина Кавадарци “Кавадаречка Фондација“ распиша  конкурс за доделување на еднократен надометок за кофинансирање на  30 студенти запишани  на дисперзираните студии во Кавадарци

На овој конкурс можат да се пријават студентите кои се редовни студенти во прва, втора, трета и четврта година во студиската 2014/2015 година.  Студентите од 2-ра, 3-та и 4-та година да ги имаат положено предвидените испити за студиската 2013/2014 година, студентот да не е вработен, да постои социјална оправданост за барањето  на финансиски средства за кофинансирање, студентот да е жител на Општина Кавадарци и студентот што е примател на помош за партиципација за упис на година од страна на Локална Самоуправа , да достави потврда дека е редовен студент и неповторувал година од последното примање на средства од Буџетот на Општина Кавадарци.

Студентите кои сакат да конкурираат за оваа финансиска подршка од општината треба да поднесат барање, индекс на увид, потврда за запишан семестар за студиската  2014/2015 година (за студентите од 1-ва, 2-ра, 3-та и 4-та година ), уверение од Управата за приходи на општината за материјалната положба на родителот старател и материјалната положба на кандидатот(ако е во брак Уверение за брачниот другар), потврди од останатите членови на семејството за статусот (невработени-потврда од агенција за вработување, ученици и студенти потврда од училиштето т.е.факултетот), корисниците на социјална помош да достават Решение од Центарот за социјални работи, копија од лична карта или пасош, трансакциона сметка на студентот и телефон за контакт

Од фондацијата напоменуваат дека предност во доделувањето на средства за кофинансирање имаат 30 студенти чии семејства се корисници на социјална помош или потекнуваат од семејства со нерешен социјален статус(невработени родители или брачен другар). Исто така во конкурсот се наведува дека доколку студентот уплатил за партиципација, а ги исполнува условите за еднократен надомет, со себе да ја понесе уплатницата за уплатени средства. Покрај исполнетоста на наведените услови при селекција на кандидатите ќе се земе во предвид и просекот на успех од претходната година.  Резултатите ќе бидат објавени на интернет страната на Општина Кавадарци и со известување до примателот на конфинансирање.

Конкурсот трае до 26 декември оваа година, а комплетната документација студентите треба да ја достават до Граѓанскиот центар во општина Кавадарци.

 

Ангел Данов



Додади коментар