(ФОТО-ВИДЕО) Кавадарци одбележува 72 години од ослободувањето
07-09-2016 РЕГИОН

72 години слободно Кавадарци одбележуваат жителите на градот на грозјето и виното. По тој повод денеска делегации од локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општината Александар Панов, последниот  претседател на собранието на општина Кавадарци, Иван Чулев, советници, претставници од Здружението на борците, политички партии и претставници од АРМ денеска претпладне положија свежо цвеќе на споменикот на револуцијата на градскиот плоштад.

 

Честитка до сите граѓани по повод денешниот празник на Кавадарци, упати градоначалникот Александар Панов.

 

„По повод најголемиот празник за општина Кавадарци сакам  на сите граѓани, на сите кои живеат тука но и на оние кои не се во градот, да им го честитам овој празник и да потсетам дека 7 ми септември е најсветлиот датум во нашата историја. Тој претставува една круна на вековниот стремеж и борба на нашиот народ , кој што се борел низ минатото за самостојност и слобода. 7 ми септември е испишан со златни букви во историјата на Кавадарци. 7 ми септември е еден од датумите на првите ослободувања на градовите во Македонија“ рече Панов и упати честитки до сите Македонци по повод утрешниот празник 8 ми септември, денот на независноста на Република Македонија.

 

Градоначалникот се осврна и на реализираните инфраструктурни проекти во изминатиот период.Одбежувањето на 7 ми септември продолжува и вечерва. Советот на општина Кавадарци ќе одржи свечена седница на која ќе бидат доделени седмосептемвриските награди.

 

На денешен ден во 1961 година, по повод празникот на градот е предаден во употреба споменикот на 12-сте ваташки младинци во Моклиште, а во 1976 година започнува со работа музеј галерија Кавадарци.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар